Сите сè уште зборуваат за тридневната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез што се одржа во Венеција изминатиот викенд.
Моментално, можеби најпознатиот пар на планетата, Џеф Безос и Лорен Санчез, ја завршија својата тридневна бајка во Венеција, која чинеше, според дел од медиумите околу 50 милиони долари.
Откако Венеција се испразни од светскиот џет сет кој беше присутен на тродневната церемонија, а гневните граѓани жители на историскиот град може да здивнат, медиумите се уште пишуваат за Џеф и Лорен.
Лорен претходните денови воодушевуваше со секое свое ново издание, а потоа особено изненади со венчаница, за која се шпекулира дека чини дури милион долари.
А потоа дојде редот на експертите за говор на телото, кои анализираа некои романтични моменти од овој пар. Папараците ги фотографираа на пат кон прославата, и токму во тој момент се прегрнаа и бакнаа, токму бакнежот е нова тема за експертите.
„Бакнежот изгледаше толку страсно и романтично, Лорен особено се потруди да изгледа така. Таа вложува максимален напор во бакнежот, го зграпчи Џеф како да ќе го голтне, му ја повлече и главата, но не ги стави усните на неговите, туку на делот под усните. Иако изгледа како пропуштен бакнеж, всушност тоа е добра техника од филмовите што се користи за да се избегне размачкување на карминот“, истакна експертот Џуди Џејмс.