После инцединтот во Скопската населба Шутка приказната продолжува во скопската населба Даме Груев.
Жител на населбата за Вечер раскажува дека во Ромското маало во населбата Даме Груев владее тензија бидејќи веднаш после инцидентот во Шуто Оризари од нивни роднини добиле дојава дека следна мета на киднаперите е нивното маало.
Како шото кажува изворот за Вечер во маалото се движеле сомнителни возила, а жителите со цел да се заштитат се организираат во цивилни патроли.
Изворот потенцираше дека после 22 часот во Ромското маало е како да има полициски час. Улиците се празни никој не излегува од дома кажува изворот за Вечер.