Чешките пиварници започнаа акција за зачувување на нивната индустрија за време на пандемијата на коронавирус. Земјата со најмногу испено пиво по жител во светот има над 615.000 литри пиво што ќе пропадне доколку не се испие во наредните неколку недели.

Проблемот е во тоа што поради рестриктивните мерки, рестораните и кафеаните низ целата земја не работат, така што 34 мали и средни чешки пиварници се изложени на ризик да останат без работа. Така, тие отворија веб-страница на која Чесите можат да нарачаат одредена количина пиво што им е потребно и нивната нарачка брзо доаѓа дома.

Во оваа централноевропска земја 1.775 луѓе се заразени со коронавирус, а стапката на смртност е многу ниска затоа што досега починале шест лица. Десет од заразените се опоравија.

Денес се очекува бројот на заразени лица да надмине 500.000 низ целиот свет. Од нив 22.175 умреле, а 118.022 се опоравиле.

извор: Makfax

Најчитани вести