Медицински хеликоптер се урнал во морето кај Лос Анџелес, двајца загинати

1.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Медицински хеликоптер се урнал во морето кај Лос Анџелес, двајца загинати

Во несреќата загинаа две лица, две беа пренесени во болница, а во тек е потрага по уште едно лице, пренесува АП.

Џонатан Торес од Противпожарната служба на округот Лос Анџелес ја потврди смртта на две лица и пренесувањето на двајца повредени во локални болници.

Членот на окружниот совет, Џенис Хан, на платформата „Икс“ (X) објави дека, според информациите што ги добила, хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од островот.

Надлежните служби добија известување за несреќата синоќа, непосредно пред 20 часот, по што на местото на настанот беа упатени службите за итни интервенции и Крајбрежната стража на САД.

Остатоците од леталото беа лоцирани на длабочина од 73 метри во близина на островот Каталина, кој се наоѓа на околу 35 километри од брегот на округот Лос Анџелес.

Здравствената состојба на едно од хоспитализираните лица засега е непозната. Се претпоставува дека хеликоптерот бил во сопственост на компанијата „REACH Air Medical Services“ со седиште во Сакраменто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата