Функционерите на фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза и Марко Пантелиќ, се излечија од коронавирусот, пренесува „Курир“.
Ситуацијата ја потврдил и докторот на репрезентацијата, Миљко Ристиќ.
„Кокеза добро се чувствува, и во следните денови ќе биде пуштен на домашно лекување. Пантелиќ немаше никакви симптоми, се наоѓаше во куќна изолација, тешко му падна, но ја почитуваше. Затоа што 1. март беше датум кога можел да биде заразен, за него ова е завршено. Поминаа повеќе од 14 дена, никој не е зараззен, со што ситуацијата во Сојузот е под контрола“, заклучи Ристиќ во изјава за „Курир“.