Сензационално, шокантно, но денеска на Бате Борисов испадна и официјално во Втора лига. Некогашнио симбол на белорускиот фудбал, беше 15 пати шампион, играше петпати во групната фаза во Лигата на Шампионите, го елиминираше Вардар и Македонија ЃП во квалификациите, следната сезона ќе игра во Втората лига во Белорусија.
Така е тоа во фудбалот, од стара слава не се живее. Клубот кој беше страв и трепет за сите во својата земја, клуб кој беше некој и нешто во источна Европа со години, доживеа невиден бродолом.
Денеска се играше последното коло од тамошниот шампионат. Иако Бате Борисов одигра 1:1 против Ислоч, сепак ни тој бод не му беше доволен за да го задржи прволигашкиот статус. Заврши како претпоследен на табелата со само 25 освоени бодови, два помалку од Арсенал Џерџинск кој ќе игра бараж за опстанок.
Со тоа зи дефинитивно заврши една успешна, блеската ера на Бате Борисов, некогашниот гигант.

