Шпанскиот интернационалец во редовите на Челзи Педро изјави за шпанското радио „Кадена СЕР“ дека го напушта „Стемфорд Бриџ“ по завршување на сезоната и тоа како слободен играч бидејќи ќе му истече договорот. Соработката нема да биде продолжена и веројатно тој ќе се врати во Шпанија во некој од тамошните клубови. Да потсетиме дека тој претходно играше во Барселона.

На крајот на сезоната го напуштам Челзи. Мојот договор истекува во јуни и потоа заминувам. Но засега е најважно да помине оваа криза и да се вратиме на тренинзи. Што ќе биде понатаму, не можам да кажам“, изјави 32-годишниот фудбалер кој досега одигра 201 натпревар за Челзи по трансферот од Барселона во 2015 година.