Сампдорија на пат за трета лига, навивачите бесни, транспаренти и смет пред куќата на спортскиот директор

31.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сампдорија на пат за трета лига, навивачите бесни, транспаренти и смет пред куќата на спортскиот директор

Некогашниот италијански шампион, и екипа која што своевремено имаше сериозна улога во Серија А збиднувањата, тимот на Сампдорија, доживува сериозно тешки моменти.

Ајде што е дел од Серија Б, тимот од Џенова сезонава има потешкотии да го задржи и овој статус. Има сериозна закана дека ќе испадне во трета лига. Наместо битка за влез во елитата, Сампдорија има само пет бода по девет минати кола и е претпоследна на табелата од дваесет екипи.

Она што во моментов се случува со клубот, ги прави верните навивачи гневни, па тие нормално реагираат онака како што секоја тифо група би реагирала кога е во прашање нејзиниот омилен клуб.

Со транспарент куќата на спортскиот директор на кој што пишува: „Фредберг пријатно, г…..у“, и со истурена вреќа измет јасно се стави до знаење што се мисли околу водењето на клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата