(ВИДЕО) Ќерката на Серена Вилијамс стана хит на интернет додека тенисерката се бори со анксиозност поради коронавирусот

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Ќерката на Серена Вилијамс стана хит на интернет додека тенисерката се бори со анксиозност поради коронавирусот

Познатата тенисерка неодамна откри дека се бори со анксиозност среде пандемијата на Ковид-19.

Се чини дека Серена Вилијамс беше во подобро расположение во вторникот, откривајќи дека иако чувствува вознемиреност, таа се обидува да биде смирена.

Ова го вели на видео што го постираше на својот Инстаграм, а во него таа споделува попладневна рутина на чистење на лицето.

38-годишната тенисерка им покажуваше на фановите средство за чистење на лицето што избра да го користи додека Олимпија играше на тоалетната масичка на мајка си.

Но, нејзината ќерка Олимпија го украде шоуто.

Во позадина, малата Олимпија си играше со шминките на мајка си и го исцрта целото лице со кармин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата