Онлајн едукација за децата од градинките во Карпош

22.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Онлајн едукација за децата од градинките во Карпош

Претшколските установи од Општина Карпош започнуваат со прилагодена онлајн едукација за децата. Градинките „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“ ќе прикачуваат едукативно – рекреативни содржини, за децата од две до шест години.

Содржините ќе можат да ги отвораат родителите на децата, кои лесно можат да се гледаат во домашни услови. Дел од содржините ќе бидат прикачени на платформата Google drive, но и на веб страните на градинките.

Примарната цел на локалната самоуправа е да им се понудат едукативни содржини на најмладите, во периодите додека седат дома и не посетуваат предучилишно образование, како резултат на Ковид – 19 (коронавирус).

Воспитниот кадар на градиките од Карпош, исто така, е дел и од едукативната телевизиска програма која се емитува на Националниот радиодифузен сервис, а е наменета за децата кои посетуваат градинка.Инаку, во десетте основни училишта во Карпош веќе една недела се применува е – настава, во деветите одделенија, но и во пониските класови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата