Ќути си, трај си, ко ќе ти бараат, дај си!

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќути си, трај си, ко ќе ти бараат, дај си!

Ќути си во секој случај! Јас фала богу, научив да ќутам, особено во вонредни ситуации кога ебам политичари или полицајци. Зашто после оргазам, на сите нив им паѓаат маските за момент и тогаш лупаат што им падне на памет. По некое време ќе им текне што кажале, па ми се јавуваат да ме потсетат да заборавам на тоа што сум го слушнала од нив и јас нормално, заборавам како од шала.

Сепак, довербата мора да се гради двострано. Ако очекувам моите деца да бидат отворени кон мене, морам да возвратам со иста мера. Кажи ми "Ч", дали знаеш, освен мене, колку курви во посраното Скопје им кажале на своите деца дека се курви? Ниедна. Се срамат од себе. Ама тоа, не поради курвањето, туку затоа што не расчистиле со себе. Не постои ништо поидиотски од тоа, додека нешто правиш, да се каеш дека го правиш. Сега у моментов се ебам за пари, ама ќе видите еден ден, кога ќе станам Мајка Тереза, па кога ќе седам на трпеза барабар со папата или со британската кралица.

Едно е да се курваш и да веруваш дека си светица, а друго е да се курваш без соништа за беатификација, како што се курвам јас. Сега сум на чисто. Знам која сум и се обидувам од петни жили да бидам најдобра во тоа што го работам. Зашто не е важно да ли си доктор, научник, кувар, чистач на улици или мафијаш. Еден бил Ал Капоне! Еден е Дејвид Коперфилд.

Една е Мадона! Копчаш, бејбе!? Важен е поривот да бидеш врвен во тоа што го правиш. Ако пеглаш да бидеш самото пеглање! Ако копаш да бидеш самото копање! Ако се ебеш да бидеш самото ебење. Ако си курва бејбе, тогаш БИДИ курва! ДА СЕ БИДЕ, во тоа е целиот штос! Само така ќе го обезбедиш почитувањето од блиските, кога ги правиш работите без остаток и калкулации. Затоа не се срамам гласно да кажам дека сум курва. Мојата постара ќерка знае и не ме мрази поради тоа. Напротив.

Знае дека се курвам за да не мора еден ден и она да се курва. Тоа е жртва којашто ја принесувам речеси секој ден на олтарот во име на моите богови. Во името и животот на моите деца! Тие што се сакаат не се лажат. Сите што вистински ме сакаат знаат која сум и што работам. За останатите ми се свирка! На крајот на краиштата, зошто криење кога никогаш, ништо не останало скриено? Добро сега, помалата ќерка сеуште не знае, ама тоа е затоа што е премногу мала. Се во свое време, бејбе! Се во свое време!

Телефонот ѕвони ли ѕвони! Баш да видам кој пациент ми се јавува. Подобро за него ако е во групата - подобни и платежно способни. Едвај го ископав телефонот од чаршафите во креветот, кадешто сум го испуштила ноќеска кога ме совладал сонот пишувајќи некоја глупа порака. Еј бејбе, овој ми е редовен муштерија. Од левите. Мислам дека не постојат случајности на светов, еве, он е жив пример за тоа. Посаден е малку на лево, па изгледа нормално да е наклонет кон левите. Мора да го знаеш бејбе! Го имаш видено на вести гарант! Позната фаца. Да го наречеме Влакнестиот. Немој да ми замеруваш, веќе реков, за мене вистинските имиња се луксуз.

Освен тоа, постојат одредени државни служби и агенции, коишто, ептен си ја вршат работата. Неколку курви што ги познавав, а што се продаваа за чесни, многу неславно завршија затоа што никогаш не ја научија првата лекција по предметот курвологија и етика. Долгиот јазик го скратува животот на пола, а понекогаш и на третина или што би рекла баба ми: Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си!

Ама после наплати си и пак ќути си! Ќути си во секој случај! Јас фала богу, научив да ќутам, особено во вонредни ситуации кога ебам политичари или полицајци. Зашто после оргазам, на сите нив им паѓаат маските за момент и тогаш лупаат што им падне на памет. По некое време ќе им текне што кажале, па ми се јавуваат да ме потсетат да заборавам на тоа што сум го слушнала од нив и јас нормално, заборавам како од шала. Додуша, понекогаш и дополнително ќе ме подмачкаат за полесно да ми оди со заборавањето. До сега имам преживеано, баш поради мојот условен рефлекс да заборавам се што е топ сецретт. Секаде мора да постои кодекс и етика, бејбе, дури и во курвањето, инаку и тоа кога-тогаш, ќе ја изгуби својата смисла.

Да не скршнав малку од темата? Муабетот ми беше за Влакнестиот. Ептен сака да се прави паметен, а тоа е секогаш одлика на слабите карактери "Ч". Кога ќе размислам, логично е дека припаѓа во таа група, што ја нарекувам категорија шупации. Не знам како е надвор, ама кај нас политичариве се стварно шупаци. Ги знам и од лево и од десно и од напред и од назад. И мажи и жени. Сите тие доаѓаат кај мене на исповед. Тогаш ги покажуваат своите вистински лица и можеш да се изнагледаш сеир еден куп.

Луѓето се грди без маска, бејбе. Грди до комичност! Кога ќе ја апстрахираш духовната и менталната грдотија на луѓето од страдањето коешто редовно им го предизвикува на другите, е да се помочаш од смеење! Баш такви, смешни и голи излегуваат пред мене и почнуваат да го вадат валканиот веш од својата душа. И замисли сега, дека морам да се соочам со сета таа туѓа травестија и да ја понесам како мој товар во тие саат или два. Мислиш дека е лесно "Ч"? Пробај да се курваш па ќе видиш, без разлика дали си маж или жена. Вака џабе ти зборам.

Кога работам понекогаш се осеќам како свештеник, со таа разлика што, не само што знам да ги сослушам тие што доаѓаат, туку знам да им пружам и конкретна помош само за да се ослободат од маските и триковите зад коишто се кријат секојдневно. Им ги спасувам душите човече! Тоа не е заебанција! И да знаеш една работа: На овој посран свет курвите имаат спасено многу повеќе души отколку сите религии заедно! Запамти го ова што ти го викам!

ВЕЧЕР пренесува дел од романот во којшто е опишан животот на една "ноќна дама" од високите скопски кругови, чии клиенти биле познати градски фаци, политичари, бизнисмени... Автор на делото е актерот Сашо Тасевски, а издавач е Матица во чија книжарница може да го најдете и овој провокативен роман на Тасевски, "Угурсуз".

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата