Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година.
„Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.

