Силна бучава ги вознемири загрепчани, метеор го проби звучниот ѕид

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силна бучава ги вознемири загрепчани, метеор го проби звучниот ѕид

Во Загреб и околината утрово околу 10 и 30 часот се слушнала силна бучава која ги вознемирила граѓаните, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Сеизмолошкиот сојуз во хрватскиот главен град потврди дека станува збор за пробивање на звучниот ѕид, што најверојатно го предизвикал метеор.

Според „Танјуг“, бучавата се слушнала во голем дел од градот, па некои ја пријавиле и како земјотрес.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата