Дваесет илјади ожалостени навивачи, пријатели и семејството се собраа во „Стејплс“ центарот за да им оддадат почит на трагично починатата кошаркарска легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа пред еден месец.

На Комеморацијата која ја отвори Бијонсе, со една од омилените песни на Брајант, Хејло, за првпат пред јавноста се обрати сопругата на Коби, Венеса Брајант, која се бореше со солзите и во својот говор кажа дека ја „загубила својата најдобра пријателска“ – мислејќи на ќерка си, како и на „моето сè“, како што го нарече Коби со кого беше заедно од средношколските денови.