Ињаки Вилијамс повеќе нема да игра за Гана

12.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ињаки Вилијамс повеќе нема да игра за Гана

Ињаки Вилијамс донесе одлука да стави крај на репрезентативната кариера и повеќе нема да настапува за Гана. Напаѓачот на Атлетик Билбао за националниот тим дебитираше во 2022 година и досега одигра 28 натпревари.

Вилијамс со Гана настапи на две Светски првенства – во Катар во 2022 и на Мундијалот во 2026 година. Тој беше дел и од еден Африкански куп на нации, но сега реши целосно да се посвети на клупските обврски.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата