Поради големите проблеми кои Барселона ги има со напаѓачите, репрезентативецот на Албанија Реј Манај ќе има шанса да заигра во дресот на каталонскиот гигант.

„Тој е добар фудбалер. Одлучен во овој момент дека може да ни даде нешто и затоа го вклучивме во тимот. Убедени сме дека тој и слични играчи можат да ни помогнат. Точно е дека не го видовме Реј многу, бидејќи тука е од неодамна“, вели тренерот на Барселона, Кике Сетиен, во пресрет на мечот со Хетафе во кој Манај би можел да го направи своето деби.

Реј Манај би можел да стане првиот Албанец со настап во дресот на Барселона. Тој е во Барселона Б од јануари годинава кога пристигна од второлигашот Албасете. Каталонците за него платија 700.000 евра со бонус од два милиони евра.