Колумбискиот фудбалер Хуан Куадрадо официјално се врати во татковината, откако потпиша за Милонариос. Искусниот 38-годишен крилен фудбалер во новиот клуб пристигнува како слободен играч, по разделбата со Пиза.
Куадрадо по цели 17 години повторно ќе игра во клупскиот фудбал во Јужна Америка. Професионалната кариера ја започна во Индепендиенте Меделин, а во 2009 година замина во Европа, каде што настапуваше за Удинезе, Лече, Фиорентина, Челси, Јувентус, Интер, Аталанта и Пиза.
Најголем дел од европската кариера го помина во Јувентус, со кој освои пет титули во Серија А, четири Купа на Италија и две Суперкупа на Италија. Со Челси, пак, беше шампион на Англија и победник на Лига-купот во сезоната 2014/15.
Куадрадо има и богата репрезентативна кариера со Колумбија, за која настапуваше повеќе од една деценија и играше на светските првенства во Бразил во 2014 и Русија во 2018 година.

