Општина Карпош нема да ги руши тениските терени долж Кејот на Вардар. Тие и понатаму ќе бидат достапни за сите граѓани на Карпош, а Секторот за инспекторат презема активности за правниот субјект кој стопанисува со терените, а го има прекршено член 73 од Законот за градење, соопшти општината.

„Овластен градежен испектор од општина Карпош донесе решение за отстранување градба (платформа), како резултат на фактот што, при извршен инспекциски надзор е утврдено дека субјектот поседува дозволува за монтажно – демонтажни соблекувални, а при увидот на инспекциските служби е констатирано дека постои градба – армирана бетонска платформа со објект, за која воопшто не постои дозвола од Град Скопје. Субјектот, во повеќе наврати го има прекршено и Договорот со општина Карпош. Воопшто не е организирана училишна спортска лига, а договорот налага и слободни термини за играње тенис за граѓаните на Карпош и нивно јавно објавување – што не е исполнето.Повторуваме дека нема да има никакво рушење на терените, но законите треба да важат за сите подеднакво. Од ова отстапки нема, се вели во соопштението.

извор: Makfax

Најчитани вести