Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, ПОВАЖЕН Е БИЗНИСОТ ОД ДЕЦАТА

9.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, ПОВАЖЕН Е БИЗНИСОТ ОД ДЕЦАТА

Откако аферата „Рекет“ експлодираше во македонската јавност, многумина сметаа дека ваквите нелегални дејности и злоупотреби на власта и моќта од страна на функционерите на СДСМ ќе запрат, но очигледно тоа не се случи.

Па така, речиси секој ден до нашата редакција пристигнуваат информации за нови случаи на користење на моќта од страна на функционерите на СДСМ.

Најновиот пример е во општина Карпош, каде градоначалник е Стефан Богоев кој важеше за исклучително близок до Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Имено, Богоев и општината се обидуваат неосновано и незаконски да одземат и срушат тениски терен каде што се рекреираат граѓаните на Карпош, но и тренираат тенис стотина мали деца на истиот терен, кој е здобиен на легален начин за што поседуваме и документација.

Концесионерите на терените велат дека во рамки на терените функционира и школа за тенис која успешно работи со години, а тие имаат голем број на успеси и освоени пехари.

Според информации на нашиот извор причината за ваквото постапување на Богоев се бизнис мотиви, односно крајната цел е превземање на бизнисот од страна на блиску луѓе на градоначалникот, каде меѓудругото освен тенискиот терени има и мал шанк за служење кафе на родителите кои ги чекаат своите деца додека им траат часовите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата