На веб-страницата на Општина Карпош поставени се двата идејни проекти за новиот изглед на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (позната како „Партизан“).

Граѓаните имаат можност да се запознаат со идејните проекти кои се подготвени од македонски и странски архитекти и да гласаат за новиот изглед на објектот. Можноста за гласање за еден од понудените проекти ќе трае 10 дена, од денот на поставувањето на веб страницата на Општината, поточно од 8 до 18 февруари 2020.

Двата идејни проекти го задржуваат авгтентичниот изглед на салата, но вметнати се и нови содржини, со цел „Партизан“ да се прилагоди на новото време и да добие во мултифункционалност. Идејните решенија се изработени на волонтерска основа, од страна на архитекти – членови на Меѓународната невладина организација „Културно ехо“.

Овој култен спортски објект, при крајот на 2019 година, беше вратен на трајно користење на Општина Карпош. Локалната самоуправа веќе презема активности за негово оградување, а по изборот на идејното решение ќе следува и подготовка на основен проект. За реконструкција на „Партизан“ се предвидени средства од Агенцијата за млади и спорт.

извор: Makfax

Најчитани вести