Австралија опен остана без уште еден фаворит, Русинот Данил Медведев, кој со 3:2 во сетови (6:2, 2:6, 4:6, 7:6 (7:2), 6:2 загуби од Станислав Вавринка.

Вавринка имаше одлично отворање на мечот, иако Медведев се врати во продолжението и се избори за комплетен пресврт, 1:2. Имаше шанси и да го заврши дуелот во четвртиот сет, но Швајцарецот не се предаде и остана во игра со убедлив тај-брејк.

Медведев како да падна по загубениот четврти сет и во решавачкиот направи премногу грешки кои го чинеа елиминација.

Во првиот четвртфинален дуел Доминик Тим го победи Гал Монфис убедливо, 6:2; 6:4; 6:4.