ПРВИЧНИ ДЕТАЛИ ОД ТУРЦИЈА: Луѓе ги загубија животите, има повредени, земјотресот почувствуван на целиот Блиски исток (ВИДЕО)

24.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРВИЧНИ ДЕТАЛИ ОД ТУРЦИЈА: Луѓе ги загубија животите, има повредени, земјотресот почувствуван на целиот Блиски исток (ВИДЕО)

Турската агенција за управување со кризи соопшти дека земјотрес со јачина од 6,8 Рихтерова скала го потресе источниот дел на земјата.

Западните медиуми објавија дека четири лица ги загубиле своите животи, додека пак турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека досега едно лице  загинало, а уште две се повредени.

Земјотресот се случи во 20:55 часот по локално време во близина во источната провинција Елазиг, соопшти Кабинетот на катастрофи и вонредни состојби.

Според министерот за одбрана Хулуси Акар пак досега немало жртви во урбаните области на градот Сивирџе, но не ја исклучува можноста заради земјотресот животите да ги загубиле во руралните делови каде објектите се постари.

- Сивирџе беше сериозно потресен, ги испративме нашите екипи за спасување во регионот - им рече тој на новинарите додавајќи дека има извештаи за некои урнати згради во регионот.

Тој додаде дека трупите исто така биле подготвени веднаш да помогнат ако е потребно.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот  е со јачина од 6,7, а ги погодил и  Сирија, Грузија и Ерменија. Земјотресот е регистриран на длабочина од 6,2 км, според EMSC.

Државните медиуми во соседна Сирија објавија дека земјотресот бил почувствуван во неколку области од земјата. Локалните либански медиуми објавија дека земјотресот може да се почувствува во градовите Бејрут и Триполи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата