Носителката на големиот Кристален глобус Микаела Шифрин (САД) е победник во спустот во алпски дисциплини што се одржа денеска во Банско во рамките на Светскиот куп. Шифрин ја помина патеката во време 1:29.79 минути и ја запиша петтата победа сезонава (прва во 2020 година) и општо 65-та во кариерата.

Зад неа со 18 стотинки послабо време заврши Италијанката Федерика Брињоне, а третото место на пиедесталот и припадна на Швајцарката Јоана Хален со 23 стотинки послабо време од победничката.

Инаку, Американката која е специјалистка во техничките дисциплини, втор пат победи во спуст во Светскиот куп после Лејк Луис на 2 декември 2017 година.

Петтото и шестото место го зазедоа Италијанките Елена Куртони и Марта Басино, а Петра Влхова заврши дури на шестото место со задоцнување од 1.03 секунди. Таа имаше минимална предност пред последната контрола, но малку пред крајот направи грешка што ја чинеше губење на време.