Откако по завршувањето на Мундијалот летово, Лионел Меси и официјално објави дека се повлекува од националниот дрес на Аргентина, сега се добиваат и дополнителните информации на оваа тема.
Фудбалскиот сојуз на оваа земја официјално го објави списокот на репрезентативци за следните мечеви на Аргентина на кој што се наоѓа и Лионел Меси. Причината е јасна, за тој да го игра прошталниот дуел.
„Гаучосите“ ќе одиграат три пријателски натпревари на домашен терен помеѓу 21 септември и 6 октомври, што ќе бидат први настапи на тимот по Светското првенство. На 6 октомври, Аргентина ќе се соочи со Бенин на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, а Меси ќе го одигра својот последен натпревар за националниот тим.

