Гаши и Села се договорија: Алтернатива и Алијанса во предизборна коалиција

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гаши и Села се договорија: Алтернатива и Алијанса во предизборна коалиција

Алијансата за Албанците и Алтернатива се договориле за предизборна коалиција, објавува „Лајм“. Соработката се очекува да биде официјализирана за неколку дена. Иако се преговараше и со Беса до соработка со оваа партија најверојатно нема да дојде.

Причина за тоа е нетпеливоста помеѓу Алијанса на Африм Гаши и Билам Касами. Тие до лани беа во една партија, но потоа Алијанса се издвои како нов политички субјект.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата