За неполни 24 часа два пожари во Скопје - едниот во стан, другиот во деловен простор

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За неполни 24 часа два пожари во Скопје - едниот во стан, другиот во деловен простор

Во текот на вчерашниот ден околу 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Божидар Аџија“ настанал пожар на тераса од стан во сопственост на К.Ј.(40) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Ноќеска, пак, околу 01:45 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во деловен простор на бул.„Партизански одреди“. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата