Билд вчера објави дека Баерн Минхен од Ауди во наредните десет години, на име на спонзорство, ќе добие рекордни 500 милиони евра. Денеска пак тиражниот германски таблоид излегува со најава дека време е баварците да почнат да ги трошат дел од тие пари.

Па така се коментира дека Баерн Минхен најверојатно ќе тргне и дефинитивно по Лерој Сане од Манчестер Сити и Каи Хаверц од Баер Леверкузен, и двајцата млади мега – старови на германскиот и европски фудбал. И двајцата офанзивци.

Uште сега се прават планови како би изгледала таа фамозна напаѓачка тројка на баварците. Лево Сане, во средина Левандовски, а десно Хаверц.

Нема што, тоа ќе биде екстра Баерн Минхен…