Тајсон Фјури се спрема за реванш меч за ВБА титулата во тешка категорија против Деонте Вајлдер, а тврди дека го одржува „протокот на тестостерон“ со мастурбирање седуп пати дневно. Инаку Фјури на 22 февруари ќе се бори со непоразениот ВБЦ крал Вајлдер во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас.

Двоецот се бореше во декември 2018 година во Лос Анџелес и мечот заврши нерешено.

„Ова е прв тренинг камп во 10 години во кој не испив ниту една диетална кола, a нема ни после борбата. Ова е прв тренинг камп во кој одам во кревет до 21:30 часот, а станувам во 7:00 наутро. Работам многу нови работи. Јадам пет, шест оброка дневно, пијам осум литри вода. Мастурбирам седум пати дневно и така редовно го пумпам тестостеронот“, додаде 31-годишниот боксер на прес-конференција.