Трибините на „Штадхале“ ќе бидат побогати за уште еден голем фан на македонската ракометна репрезентација. Станува збор за некогашниот член на фудбалскиот национален тим, Илчо Наумоски.

Легендарниот фудбалер со срце ќе навива за Македонија, добро знае што значи да се игра за националниот дрес, да се бранат боите на татковината. Пе пред дуелот со Австрија испрати порака до ракометарите:

„Срце на терен момци, верувам во вас“, рече Илчо.

Наумоски долго време настапуваше за македонската фудбалска репрезентација, има одлична кариера, по завршување на истата почна да чекори по тренерските води. Во „Штадхале“ дојде со братот на Стојанче Стоилов, Стефан.