„Кој си ти идиоту? Освоив две Копа Америка и едно Светско првенство! Што имаш ти?“ (ВИДЕО)

10.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Кој си ти идиоту? Освоив две Копа Америка и едно Светско првенство! Што имаш ти?“ (ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Чикаго и Интер Мајами одиграа без победник (1:1), но овој натпревар беше обележан со грди сцени и прилично лош напад на Родриго Де Пол врз Роберт Левандовски. Откако ја напушти Барселона, Роберт Левандовски ја продолжи кариерата во тимот на Чикаго Фаер. Тој одлучи последниот дел од кариерата да го помине во Соединетите Држави, верувајќи дека ќе биде мирен и почитуван.
Сепак, тој немаше поим дека ќе му се случат сцени како синоќа. Средбата помеѓу Чикаго и Интер Мајами, каде што главна ѕвезда е Лионел Меси, донесе понижување за легендарниот Полјак.
Родриго Де Пол беше во главна улога и поради неговите и слични потези, Интер Мајами наскоро би можел да стане омразен тим меѓу фудбалските фанови ширум светот. Во еден момент, Лева се најде во конфликт со Иан Фреј, играчот од тимот на Мајами театрално се фрли на паркетот, а потоа насилно го турна полскиот напаѓач.
После тоа, Левандовски одлучи да го праша противникот во што всушност е проблемот, но Де Пол се вмеша во сè. Аргентинецот беше многу агресивен, му се закани и го турна Полјакот, а потоа “испука“:
„Кој си ти идиоту? Освоив две Копа Америка и едно Светско првенство! Што имаш ти?“, извикуваше Де Пол постојано туркајќи го Левандовски, кој потоа возврати. Допирањето во лицето и самата сцена беа навистина срамни. Изразот на лицето на одличниот напаѓач јасно го покажа тоа.
Овој натпревар заврши со резултат 1:1. Левандовски постигна гол за водство на Чикаго, а Каземиро го израмни резултатот на 1:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата