Василичарски средби во Аеродром

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Василичарски средби во Аеродром

Традиционалните василичарски средби што се организираат на територијата на општина Аеродроми годинава се одржаа на детската улица „Тоше Проески“ и на платото во паркот во населбата Мичурин, во организација на здруженија на граѓани.

Во рамките на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара нова година, се одржа богата музичка програма и кршење на традиционалната погача со златна паричка, а беа избрани и новите кумови.

Голем број граѓани присуствуваа на овие прослави што Општина Аеродром традиционално логистички ги поддржува.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата