КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ И МЕГАН: Еве што имаше да каже за состанокот на Хари и кралицата

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ И МЕГАН: Еве што имаше да каже за состанокот на Хари и кралицата

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл изјави дека денес не и било забрането да учествува на состанокот во Сандрингем помеѓу Хари и кралицата, туку дека таа и нејзиниот сопруг  одлучиле дека не е неопходно само за тој состанок таа да се вклучи дури од Ванкувер.

Притоа, Меган ги негираше написите дека имала забрана телефонски да се вклучи од Канада на состанокот кој следеше откако Хари и таа одлучија да се откажат од кралските должности.

Ова го потврди и портпаролот на палатата Кенсингтон кој  изјави дека Хари и Меган самите одлучиле дека не е неопходно таа да се приклучи на состанокот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата