ПОЦ и Општина Центар со кампања „Центар не е паркинг!“

9.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЦ и Општина Центар со кампања „Центар не е паркинг!“

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар започнуваат нова едукативна кампања под слоганот „Центар не е паркинг!“ со цел да се подигне свеста на граѓаните за последиците од прекумерното користење на возила.

За таа цел, во наредните неколку недели, ќе се емитуваат 4 емотивни видео пораки пренесени од деца од различна возраст, кои апелираат до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства, со што ќе придонесат многу за тие да живеат во здрава и чиста животна средина.

Еднаш неделно ќе се објавува по едно едукативно видео на неколку национални телевизии, македонски интернет портали и на социјалните мрежи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата