Членови на арачиновската криминална група ИЗРЕШЕТАНИ ВО ЧАИР - едно лице се бори за живот

5.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Членови на арачиновската криминална група ИЗРЕШЕТАНИ ВО ЧАИР - едно лице се бори за живот

Членови на арачиновската криминална група вчера вечер околу 20 часот биле изрешетани во Чаир, дознава „НетПрес“, според чии извори се работи за Н. Ајети и Б. Ајети.

Во овој напад тие биле тешко ранети, а потоа биле однесени во градската болница. Едниот од нив е со повреди во абдоменот, а вториот во карлицата.

Полициски извори за НетПрес информираат дека двајцата се припадници на арачиновската криминална група.

Информациите од градската болница велат дека еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба, бидејќи имаат прострелни рани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата