Билет за едно возење не бидна ни во април ни во ноември, ама сега ќе го имало од јануари - ДА НЕ ГО НОСИ ДЕДО МРАЗ?!

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Билет за едно возење не бидна ни во април ни во ноември, ама сега ќе го имало од јануари - ДА НЕ ГО НОСИ ДЕДО МРАЗ?!

Во Скопје, и покрај најавите за воведување, се уште не постои билет за едно возење во автобус. Ваков билет градоначалникот Петре Шилегов првично најавуваше дека ќе почне да се продава во април, потоа го пролонгираше за ноември, за денес конечно да најави дека таков билет во автобусите ќе почне да се продава од први јануари.

Мислам дека од први јануари граѓаните ќе можат во самите автобуси да купат билет за едно возење. Тој билет е наменет пред се, за луѓе кои што доаѓаат во нашиот град, а кои сакаат да го користат јавниот превоз. Сега за жал нема таква опција“ рече Шилегов, на денешното засадување дрва во дворот на Градежниот и Архитектонскиот факултет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата