Oтворена новата библиотека во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oтворена новата библиотека во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

Во новото основно училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар денеска беше оворена новата училишна библиотека.

Со мал, пригоден настан, издавачката куќа „Просветно Дело“, која ги издава детските списанија Росица, Другарче и Развигор, во библиотеката донираше над 100 наслови за детска литература.

Во склоп на отворањето на читалната на кое учествуваше и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, учениците од основното училиште имаа можност да присуствуваат на пет книжевни работилници, а на нив учениците твореа и работеа и со домашните писатели за деца Ванчо Полазаревски, Наум Попески, Ксенија Трајчева, како и со поетесата Вера Андон.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата