УЕФА го промени системот на квалификации за СП 2022 година во Катар, а Македонија ќе се бори за едно од 13-те места наменети за европските селекции. Вкупно 55 репрезентации од Стариот континент ќе бидат поделени во 10 групи и тоа пет со пет екипи и пет со по шест екипи. Десет победници ќе изборат директен пласман на Светското првенство, додека 10 второпласирани и две репрезентации од Лигата на нациите ќе одат во бараж во кој ќе се борат за преостанатите три места.

Тогаш репрезентациите ќе бидат поделени во три групи со по четири екипи, а во секоја група ќе се игра полуфинале и финале, а само победникот од секоја група ќе избори место на СП.

Претходно европските репрезентации беа поделени во 10 групи од кои победниците одеа на СП, додека осум најдобро второпласирани играа бараж за уште четири места.