Капитенот на женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави Морган Рапино е најдобра фудбалерска на светот според „Франс фудбал“. Рапино во трката по „Златната топка“ во женска конкуренција ги победи Англичанката Луси Бронз и колешката од репрезентацијата Алекс Морган.

Рапино ја предводеше селекцијата на САД до светската титула оваа година откако во финалето ја совладаа Холандија со 2:0. Рапино беше прогласена и за најдобра фудбалерка на турнирот но и најдобар стрелец на истиот (шест гола).