Се санираат вандалски оштетените игралишта во Аеродром

2.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се санираат вандалски оштетените игралишта во Аеродром

Екипи на Општина Аеродром утринава веднаш почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа мета на вандали. Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче во непосредна близина на крстот, а оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин, како и други украси на повеќе локации.

„Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во Општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери. Сите случаи се пријавени во полиција“, информираат од општина Аеродром.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата