„Петре Шилегов не знае ни дали знаел, а не знае ни дали не знаел за дивоградбата која му никна пред очи“

27.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Петре Шилегов не знае ни дали знаел, а не знае ни дали не знаел за дивоградбата која му никна пред очи“

Петре Шилегов не знае ни дали знаел, а не знае ни дали не знаел за дивоградбата која му никна пред очи. Е тоа е Петре Шилегов, реагираат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

- По обраќање до Град Скопје за добивање на информации од јавен карактер поврзани со дивоградбата која “случајно и без знаење” на Петре Шилегов никна на кровот на ГТЦ го добивме следниот крајно несериозен одговор. Тоа е дека Петре Шилегов не знае дали ОБЈЕКТОТ НА КРОВОТ НА ГТЦ се градел со или без одобрение за градба.

Во превод ако никој не реагираше на кровот на ГТЦ ќе си имаше угостителски објект, а ќе го стопанисуваше некое бизнис милениче на СДСМ.

Ваков несериозен пристап е крајно навредлив за граѓаните на Македонија. Вакво потценување на нивниот интелект е карактеристично за владеењето на СДСМ. Граѓаните тоа го помнат и знаат да направат разлика меѓу матните и искрените политики кои им се нудат.

На 12 ти Април, ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА ќе започне-порачуваат од Комисијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата