НЕ Е СПОРНО САМО ДИВЕЕЊЕТО - „Историја немате“ и „Етничка Албанија“ СКАНДИРАА ШВЕРЦЕРИ (ВИДЕО)

25.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ Е СПОРНО САМО ДИВЕЕЊЕТО - „Историја немате“ и „Етничка Албанија“ СКАНДИРАА ШВЕРЦЕРИ (ВИДЕО)

„Историја немате“ и „Етничка Албанија“ се само дел од скандирањата кои се слушнаа во салата на Македонскиот народен театар, каде со истакнати транспаренти и развиено албанско знаме прославуваше навивачката група „Шверцери“.

Засега, како и по обичај, одговорноста сè уште се префрла од една институција до друга.

Владата вели дека настанот не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука, кој се одржа пред прикажувањето на документарниот филм за 30 години навивачка група „Шверцери“, кога и се случи инцидентот.

На настанот претодно присуствуваше и премиерот во заминување Зоран Заев, кој вели државната прослава за 111 години од Денот на албанската азбука, била поделена во два дела.

Едниот беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не била баш културна манифестација, вели премиерот во заминување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата