По шокантниот пораз од Дижон во минатото коло, шампионот на Франција, ПСЖ добро ја искористи репрезентативната пауза и успеа да се стабилизира пред дербито со Лил. Вечерва на домашен терен, избраниците на Томас Тухел дојдоа до рутинска победа над преставникот на Франција во Лигата на шампионите, совладувајќи го со 2:0.

Со голот на Икарди во 17. минута, ПСЖ веќе имаше предност од 1:0, која успеа да ја надогради во 31. минута, кога вториот Аргентинец во стартните 11, Ди Марија, погоди во гостинскиот гол за 2:0.

1-0

2-0

Ова беше 11-та победа за парижани сезонава со која стигнаа до 33 бода, односно +11 во однос на вторпласираниот Марсеј, кој викендов ќе го одигра својот меч од тековното коло на гости кај Тулуз.