Мицкоски на средба со амбасадорката на Латвија: „Власта ги зароби правосудните органи“

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски на средба со амбасадорката на Латвија: „Власта ги зароби правосудните органи“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Латвија, Гунта Пасторе.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформските процеси и македонската интеграција во Европската Унија и НАТО.

Мицкоски потенцираше дека членството во ЕУ и НАТО останува клучна стратешка определба на државата, но изрази загриженост заради, како што посочи, недостигот на реформи кои владата на СДСМ не успеала да ги исполни заради што Македонија не добила датум за членство во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на средбата истакна дека актуелната власт спротивно на исполнување на приоритетните реформи ги заробила правосудните органи и заглавила во сопствениот криминал и корупција. Наведе дека високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали како Рекет 1 и Рекет 2 за кои истрагата се водела непрофесионално.

Мицкоски посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети исполнување на клучните реформи, поголема независност на институциите и брзо подигање на македонската економија која во моментов е на дното.

Соговорниците се согласија дека се добри односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошна поголема соработка помеѓу Република Латвија и Република Македонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата