Починат маж најден на улица во Скопје

11.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Починат маж најден на улица во Скопје

Педесет и четиригодишен скопјанец е пронајден мртов вчера попладне на улицата „Среќко Пужалка“. Како што се наведува од МВР, нема траги на насилство врз телото на починатиот, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата