Податоците за загадувањето во Гази Баба се невалидни поради замена на дел

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Податоците за загадувањето во Гази Баба се невалидни поради замена на дел

Податоците за загадувањето на воздухот од мониторинг станицата во Гази Баба во текот на изминатите пет часа биле невалидни поради замена на потрошен дел.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека поради технички зафат врз инструментот за мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри од станицата во Гази Баба, податоците од 06 до 11 часот се невалидни.

Од Министерството велат дека податоците не се одраз на извршени мерења, туку на соодветен код од инструментот кога истиот има недостаток.

„Извршена е замена на потрошниот материјал, односно филтер во облик на лента, и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни од 13 часот“, велат од Министерството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата