КАПЕ ПО ПРОЗОРИ, СМРДИ И СИТЕ СЕ ГУШАТ: Охис го ГОРИ ВОЗДУХОТ - ЛУЃЕТО СЕ ЕВАКУИРААТ САМИ ВЕЧЕРВА (ФОТО)

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАПЕ ПО ПРОЗОРИ, СМРДИ И СИТЕ СЕ ГУШАТ: Охис го ГОРИ ВОЗДУХОТ - ЛУЃЕТО СЕ ЕВАКУИРААТ САМИ ВЕЧЕРВА (ФОТО)

Припадниците на Армијата ја исчистија високо токсичната течност од ОХИС. Шест тони вода со опасни материи се излеала во кругот на фабриката, при што неподнослива миризба го гушеше локалното население. Според надлежните, станува збор за вода со која се чистел резервоар во кој бил складиран метил акрилат мономер. Поради пукнат вентил, водата се излеала во бетонски заштитен базен, тврдат надлежните.

Но, сосотојбата на терен е поинаква. На социјалните мрежи граѓаните постираат што им се случува.

 

Армиските припадници излегле на терен по наредба на Генералштабот, а по барање на МВР. Единицита за атомска, биолошка и хемиска одбрана е специјализирана за вакви ситуации. За случајот бил информиран и претседателот Пендаровски.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат и дека правниот субјект, компанијата Еко Центар 97, која го чисти хемискиот отпад, била задолжена да работи цела ноќ на терен за да се преточи целата излеана течност. Соодведно да се спакува за потоа да се извезе во Швајцарија, каде хемискиот отпад треба да се согори.

Граѓанската иницијатива „О2“ на социјалните мрежи излезе со реакција по повод денешниот инцидент во „Охис“, кога се излеаја 6 тони вода во кој имало елементи на токсичната хемикалија ‘метил акрилат мономер’. 

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули кој хаваријата во ОХИС денеска ја доживеал на прослава во Неготино, вечерва се јави преку Фејсбух со утеха: Се е под контрола, излеаната течност е собрана и покриена со пилевина.

Тој го пренесува соопштението од ресорното министерство:

– Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, ја информира јавноста дека состојбата во ОХИС е целосно под контрола и дека нема место за паника. Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре, објави Макрадули.

Граѓани кои ја пријавија хаваријата во ОХИС, која власта сака да ја нарекува инцидент, вечерва на ТВ Алфа се пожалија дека печење во очите почувствувале уште вчера.

Макрадули денеска кога граѓаните алармираа за тоа што се случи во ОХИС, на социјалните мрежи, објавуваше восхитувачки успеси од проекти во Неготино:

– Присуствувајќи на свеченоста по повод 75 годишнината од Денот на ослободувањето на Неготино, имав можност да се уверам дека општината се движи и се развива во вистинска насока, со сите досега планирани и реализирани проекти и активности, објави Макрадули на Фејсбук.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата