Центарци полнете шишиња и кофи - за утре најавен прекин во водоснабдувањето

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Центарци полнете шишиња и кофи - за утре најавен прекин во водоснабдувањето

Поради реконструкција на водоводната мрежа ф-2 цола на ул. Орце Николов бб пред Охридска Банка, утре без вода ќе останат дел од жителите во скопската населба Центар.

Прекин во водоснабдување од 09:00 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од ул. Никола Кљусев, Скопска и дел од ул. Орце Николов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата