Црквата најавила истрага дали се случило чудо или?! Калуѓерки се вратиле трудни по мисионерско патување

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црквата најавила истрага дали се случило чудо или?! Калуѓерки се вратиле трудни по мисионерско патување

Две жени, кои припаѓале во различни редови на Сицилија во Италија, останале бремени додека биле во посета на своите матични земји, пишува АСНА. Можеби станува збор за чудо, но католичката црква сепак решила да истражи како двете чесни сестри забремениле додека биле на две мисионерски патувања во Африка.

Едната жена открила дека е бремена додека работела со жени и деца, а била во посета на Мадагаскар. Другата, пак, се жалела на болки во стомакот откако се вратила во Италија и по преглед открила дека е бремена. Двете ќе ја напуштат службата за да ги чуваат децата.

Црквата објавила дека ќе отвори истрага во врска со тоа дека чесните сестри ги прекршиле заветите.

На почетокот на оваа година папата Франциско зборувал злоупотребувањето на Католичката црква, што вклучува сексуално злоставување на монахињи од страна на машки членови на свештенството, што го нарекол “сериозен проблем”.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата