Град Скопје ќе ги БЛОКИРА СМЕТКИТЕ на должниците за 2018 година

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје ќе ги БЛОКИРА СМЕТКИТЕ на должниците за 2018 година

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на Град Скопје.

„Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15 ноември Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, се вели во соопштението од Град Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата