ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

„Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от.

Дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.Укажуваме и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени, ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата